Катар и Саудиска Арабија ги отвораат меѓусебните граници
- Саудиска Арабија и Катар постигнаа договор за отворање на копнените, морските и воздушните граници од вечерва по локално време.

Доха, 4 јануари 2021 (МИА) - Саудиска Арабија и Катар постигнаа договор за отворање на копнените, морските и воздушните граници од вечерва по локално време.
Информацијата ја пренесе Анадолија, повикувајќи се на изјава на кувајтскиот министер за надворешни работи Ахмад Насир ал-Мохамед ал-Сабах.
Договорот е постигнат со посредство на Кувајт. ссм/