• петок, 22 ноември 2024

Каталонските сепаратисти ќе бидат „воздржани“ за Санчез да добие поддршка за нов шпански премиер

Каталонските сепаратисти ќе бидат „воздржани“ за Санчез да добие поддршка за нов шпански премиер
Мадрид, 2 јануари 2020 (МИА) - Каталонската сепаратистичка партија Ескера Републикана де Каталуња (ЕРЦ) денеска соопшти дека ќе се воздржи во текот на гласањето во парламентот за доверба на Педро Санчез за старо-нов шпански премиер. Социјалистот Педро Санчез и ЕРЦ денеска соопштија дека се согласиле идната влада да има отворен дијалог за иднината на шпанската покраина Каталонија, а дека заклучоците од дијалогот ќе бидат потврдени со гласовите на граѓаните на Каталонија, пренесоа британските медиуми. Оваа одлука на ЕРЦ ја отстрани големата пречка во напорите на в.д. премиерот Санчез да формира коалициска влада што ќе ја предводат социјалистите, по повеќемесечни доцнења во четвртата најголема европска економија, пишуваат американските медиуми. Социјалистите освоија најголем број гласови на општите избори што се одржаа минатата година, но недоволно да формираат влада, што значи дека не можеа да го минат гласањето доверба во парламентот, што им е неопходно. Одборот на каталонската партија ЕРЦ одлучи да се воздржи од гласање за доверба, што значи дека Санчез ќе може да формира влада. По повеќенеделни преговори Санчез успеа да обезбеди политичка подршка и од неколку помали партии, кои исто така ќе се најдат во владеачкото мнозинство. Обезбедената поддршка од ЕРЦ, која има 13 места во 350-члениот парламент, може да биде доволно за постигнување на неопходните гласови. Меѓутоа, наведуваат американските медиуми, неговиот успех се уште не е загарантиран, бидејќи во тоа можат да го спречат политичките, правните и административните одлуки. сд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан