• сабота, 28 септември 2024

Касациониот суд  на Франција смета дека откачувањето од ѕид на претседателскиот портрет може да спаѓа во опсегот на слободата на изразување

Касациониот суд  на Франција смета дека откачувањето од ѕид на претседателскиот портрет може да спаѓа во опсегот на слободата на изразување

Париз, 22 септември 2021 (МИА) – Откачувањето портрет на претседателот на Републиката за да се осуди француската (не) акција за климатските промени не може да се асимилира со кражба и може да спаѓа во опсегот на слободата на изразување, процени Касациониот (Врховниот)суд на Франција, јави дописникот на МИА.

Највисокото судско тело на Франција беше зповикано да се изјасни од неколку групи „откачувачи“ (вкупно 16 лица) кои ги извадиле без да се кријат и без насилство во почетокот на 2019 година портретите на Емануел Макрон во градските сали во Лион, во Аин и регионот Бордо. Тие се жалеа на своите пресуди за парични казни за „кражба во група“.

Адвокатот на „откачувачите“, Пол Матонет, во својот завршен збор зборуваше за слобода на изразување, тврдејќи дека „прекршокот може да биде порака, кога делото има смисла (...), е дел од пораката што таа ја поставува“ на ненасилен начин.

Апелациониот суд во Бордо, единствениот пред кој се расправаше за ова прашање, напротив инсистираше на тоа дека слободата на изразување никогаш не може да го оправда стореното дело. Касациониот суд сметаше дека Апелациониот суд на тој начин ја пропуштил својата обврска да „утврди (...) дали криминализацијата на постапувањето што се води не претставува (...) несразмерно мешање во слободата на изразување на обвинетите“.

Затоа, тој ја поништи одлуката на Апелациониот суд и ја прифати жалбата на „откачувачите на портретите“, чиј случај ќе треба повторно да се најде пред судот во Тулуз.тг/

Остани поврзан