• сабота, 21 декември 2024

Карпентер: Русија планира да ги припои Доњецк и Луганск

Карпентер: Русија планира да ги припои Доњецк и Луганск
Вашингтон, 3 мај 2022 (МИА) - Русија наскоро планира да ги припои самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер. - Според најновите извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги припои Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република, истакна Карпентер во Вашингтон. Како што тој додаде, во извештаите се наведува дека, потоа, Русија има во план да организира референдуми во средината на мај, јави Би-Би-Си. Рускиот претседател Владимир Путин годинава ја призна самопрогласената независност на ДНР и на ЛНР. бд/

Остани поврзан