• вторник, 25 март 2025

Карни: Трамп мора да го почитува суверенитетот на Канада

Карни: Трамп мора да го почитува суверенитетот на Канада

Торонто, 24 март 2025 (МИА) - На почетокот на предизборната кампања во Канада, во екот на трговската војна со заканата на САД и американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Канада, новиот канадски премиер Марк Карни и неговиот конзервативен противник порачаа дека Трамп мора да го почитува суверенитетот на Канада.

Американските медиуми пренесуваат дека Карни вчера најави петнеделна изборна кампања пред да оди на предвремени парламентарни избори на 28 април.

„Се соочуваме со најзначајната криза во нашиот живот поради неоправданите трговски потези на претседателот Трамп и неговите закани за нашиот суверенитет. Претседателот Трамп тврди дека Канада не е вистинска земја. Тој сака да не скрши за Америка да нè поседува. Нема да го дозволиме тоа“, рече Карни.

Трамп постојано вели дека Канада треба да стане 51-та америкаканска држава и призна дека ја разниша канадската политика, но неговите секојдневни напади врз канадскиот суверенитет ги налути Канаѓаните и доведе до пораст на канадскиот национализам што го зголеми рејтингот на либералите.

„Тие ги сакаат нашите ресурси. Тие ја сакаат нашата вода. Тие ја сакаат нашата земја. Тие ја сакаат нашата земја. Никогаш“, рече Карни на митингот во Њуфаундленд.

Кампањата за сојузните парламентарни избори во Канада ќе трае 37 дена.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан