Кари ќе го пропушти НБА Ол-стар натпреварот
- Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, нема да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, објави инсајдерот на „ClutchPoints“ Брет Сигел.
Лос Анџелес, 10 февруари 2026 (МИА) - Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, нема да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, објави инсајдерот на „ClutchPoints“ Брет Сигел.
Триесет и седумгодишниот кошаркар ги пропушти последните четири натпревари на Вориорс во поради повреда.
Официјалната причина за неговото отсуство е синдромот на пателофеморална болка, кој обично се манифестира како оток и болка во капачето на коленото.
Според Сигел, Кари ќе се врати на теренот по паузата за „Ол-стар натпреварите“.
Претходно беше објавено дека плејмејкерот на Оклахома сити Тандер, Шеј Гилџус-Александар, истоа така нема да игра на „Ол-стар 2026“. зс/
Фото: ЕПА