Кари прогласен за соиграч на годината во НБА
- Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата Твајман/Стоукс, која се доделува секоја година на играч кој е пример за тимска работа, тимска посветеност и пример за најдобрите квалитети на и надвор од теренот.

Вашингтон, 29 април 2025 (МИА) – Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата Твајман/Стоукс, која се доделува секоја година на играч кој е пример за тимска работа, тимска посветеност и пример за најдобрите квалитети на и надвор од теренот.
Челниците на НБА избраа по шест лица од секоја конференција за да бидат вклучени во гласањето.
Според официјалната веб-страница на лигата, 37-годишниот Американец освои 1.257 поени во гласањето за „Најдобар соиграч“, кое беше спроведено меѓу играчите. На второто место се најде центарот на Хјустон, Стивен Адамс со 1.237 поени, додека Џејлен Брунсон од Њујорк ја заокружи првата тројка со 925.
Кари оваа сезона настапи на 71 натпревар, со просек од 24,7 поени, 4,5 скока и 6,0 поени. зс/
Фото: ЕПА