• понеделник, 23 декември 2024

Кардинал Купи: Благословот за геј двојките не значи отстапување од учењето на црквата

Кардинал Купи: Благословот за геј двојките не значи отстапување од учењето на црквата

Рим, 22 јануари 2024 (МИА) - Неодамнешната одлука на Католичката црква да им даде благослов на геј двојките не го негира црковното учење дека хомосексуалноста е нарушување и дека само чедните хомосексуалци можат да се причестат, рече кардиналот Матео Купи, шеф на италијанската бискупска конференција.

Тој рече дека благословот ја покажува љубовта на црквата кон сите Божји деца, но без отстапување од црковното учење, пренесе АНСА.

Купи, кој е надбискуп на Болоња и пратеник на папата за војната во Украина, рече дека „Бог сака сите да бидат спасени“ и дека „секое крстено лице е брат“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан