• сабота, 12 октомври 2024

Карвахал успешно опериран

Карвахал успешно опериран

Мадрид, 11 октомври 2024 (МИА) - Даниел Карвахал беше опериран поради оштетување на лигаментите на коленото при победата на Реал Мадрид против Виљареал од 2-0 на крајот од минатата недела. 32-годишниот дефанзивец на европскиот клупски шампион беше принудно заменет по дуелот со Џереми Пино.

Карвахал вети дека ќе се врати на теренот „како ѕвер“, а Реал Мадрид потврди дека дефанзивецот сега е подготвен да го започне процесот на опоравување по успешната операција.

-Дани Карвахал беше успешно опериран на десното колено и останува под надзор на медицинскиот персонал на Реал Мадрид. Тој ќе започне со процесот на опоравување во наредните денови, се вели во соопштението на „белите“ на социјалните мрежи. дс

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан