• понеделник, 23 декември 2024

Карапејовски: ЗНАМ – За наша Македонија, се темели на вредности, а не дали ќе биде на власт или не, нема компромис со македонските национални интереси

Карапејовски: ЗНАМ – За наша Македонија, се темели на вредности, а не дали ќе биде на власт или не, нема компромис со македонските национални интереси

Скопје, 5 април 2024 (МИА) – Претседателскиот кандидат на политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски е единствен кандидат со пет начела и со пет приоритети, со конкретни веменски рамки откако ќе стане претседател, што ќе ги реализира во првите 100 односно 200 дена. Во принцип се залагаме да бидеме единствени во надворешната политика, мора да направиме црвени македонски линии сите политички партии и така да настапуваме. 

Ова го нагласи Бобан Карапејовски, носител на листата во ИЕ 1 од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, вечерва во дневникот на Сител телевизија.

- Максим Димитриевски има национални македонски ставови и тие треба да бидат основата на нашата надворешна политика, за нашиот понатамошен влез во ЕУ, што е наш клучен приоритет. Европските интеграции, продлабочување на партнерството со земјите членки на НАТО, продлабочување на соработката со стратегискиот партнер САД, се високо на нашите приоритети и се дел од документот што по изборите ќе биде за преговори, ако некој сака да коалицира со „ЗНАМ“, рече Карапејовски. 

На прашањето, како научник, има ли потреба од страв дека македонскиот јазик може да биде украден – идентитет, Карапејовски дециден дека никој не може да го загрози македонскиот јазуик, македонскиот јазик постои.

- Никој не може да го загрози и од утре да го украде и да не биде наш. Но институционално, во меѓудржавните односи или внатре во државната политиката, кога станува збор за т.н. стандарден јазик, за јазик што е службен во употребата, може неговото ниво да биде повисоко или пониско. Тука треба политиката исклучително да внимава и да ја слуша науката како тоа македонскиот јазик уште повеќе ќе се афирмира и во државата и надвор од неа, а не како во оние еднострани изјави што ги даваше македонската страна каде ја измеша толку работата, па и од половина од македонските дијалекти, ако не и повеќе, се откажа надвор од границите на Македонија, рече Карапејовски. 

Политиката е професија во која се бара правење компромиси, прашан колку еден научник е подготвен да прави компромиси со сопствените ставови и позиции ако треба да решава крупни политички прашања, Карапејовски потенцира дека и луѓето од науката во еден момент треба да се решат, да се одважат и да влезат во некаква условно битка, да покажат дека може и поинаку. Тој е дециден дека за некои прашања воопшто не може да се прават компромиси, не само во науката.

Пример, истакна тој, за македонските национални интереси, а тоа е еден од нашите сериозни постулати и начела, нема и не може да се прават никогаш никакви компромиси.

- За нас зборот е збор и во „ЗНАМ“, а тоа е и мој личен став, и за некои прашања не може да се прават компромиси. Македонскиот народ, македонскиот јазик и македонските национални инртееси и историја, не е нешто со кое може да се тргува или да се прават компромиси, истакна Карапејовски, носител на листата во ИЕ 1 од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Во однос на уставните измени, потсети дека претседателот на партијата и кандидат за претседател на државата Максим ДИмитриевски, прв ја кажа идејата кој е компромисот што евентуално може да се направи. Како што сега се поставени работите и ваквите барања, нагласи Карапејовски, не може да се менува Уставот.

- Може да направиме компромис така што ќе бидеме за промена на Уставот и внесување на Бугарите во Уставот, а тоа да стапи во сила во оној момент кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Тоа е еден од петте приоритети кои претседателскиот кандидат Димитриевкси ги најави вчера од Крушево. Во првите 200 дена откако ќе стане претседатл на Македонија, ќе поднесе таков уставен амандман, рече тој.

Прашан што го менува тоа контекстот на односот на Бугарија за македонскиот јазик и  македонскиот идентитет, подвлече дека менува битна работа, а тоа е дека досега, како што рече, потпишувавме договори со кои ни се ветуваат многу работи, а потоа не се исполнуваат.

- Тоа е позиција од која македонските граѓани во еден момент ќе видат дека од другата страна треба да добијат некаква концесија. Не може само ние да имаме надворешна политика во која само ние ќе ја виткаме кичмата и ќе правиме компромиси. Ако е тоа двострана улица, тоа значи дека и бугарската страна некои заендички вредности за кои зборуваме кај нив да ги реализира, 

На новинарско прашање дали ако според анкетите на ВМРО – ДПМНЕ му недостасуваат пратеници за формирање Влада и условно кажано вие сте таа пратеничка група, дали ќе ја поддржите Владата на ВМРО – ДПМНЕ, Карапејовски одговори дека органите и телата на партијата ќе одлучуваат по изборите, но не се исклучува можноста, рече, да останеме во опозиција. Сепак, како што потенцира,  „ЗНАМ“ нема да влезе во никакви уцени, ќе се подготви документ со темелни вредности, бидејќи, рече, партијата ЗНАМ – За наша Македонија, се темели на вредности, а не на тоа дали ќе биде на владст или не.

- Но, ќе имаме еден услов за да коалицираме со која било политичка партија тоие да прифатат некои наши црвени линии и позиции во однос на македонските нациолни интереси од кои не можеме да отстапиме. Нема компромиси со македонскиот јазик, македонската историја, со македонската култура, нагласи Бобан Карапејовски, носител на листата во ИЕ 1 од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија. цр/са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан