Карагер: Манчестер сити никогаш нема да биде поголем од Манчестер јунајтед
- Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и телевизиски стручњак, Џејми Карагер, го спореди статусот и популарноста на Манчестер сити и Манчестер јунајтед.
Манчестер, 15 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и телевизиски стручњак, Џејми Карагер, го спореди статусот и популарноста на Манчестер сити и Манчестер јунајтед.
- Манчестер сити никогаш нема да биде поголем од Манчестер јунајтед. А соперништвото меѓу Ливерпул и Манчестер Сити никогаш нема да биде толку значајно како ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Едноставно нема да се случи, невозможно е, изјави Карагер за „Дејли мејл“.
Од сезоната 2011/12, Манчестер сити ја освои Премиер лигата осум пати.
Манчестер јунајтед ја освои англиската Премиер лига еднаш во тој период. зс/
Фото: ЕПА