• четврток, 26 март 2026

Капетан на брод се удави во Скадарско Езеро спасувајќи двајца туристи

Капетан на брод се удави во Скадарско Езеро спасувајќи двајца туристи

Тирана, 9 јули 2025 (МИА) - Капетан на туристички брод трагично го загуби животот вчера доцна попладне во Скадарско Езеро, за време на херојски чин при спасување на двајца туристи. 

-Капетанот на туристичкиот брод, сопственост  на општина Скадар, 51-годишниот Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба, објавија медиумите.

Полициските служби веднаш излегоа на местото на настанот, а потрагата по телото на Аламани продолжи и денеска. Истражниот тим продолжува да работи на целосно расветлување на околностите на инцидентот.

-Општина Скадар загуби еден од своите најпосветени луѓе. Чин на хуманост, но за жал со тажен крај.  Арбен секогаш беше во служба на посетителите и туристите, придонесувајќи со страст и посветеност до последниот момент од својот живот, стои меѓу другото во објавата на општина Скадар. вт/ссм/

 

Остани поврзан