Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски
- Стојано Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, кој на редовна седница на Извршниот комитет на партијата попладнево едногласно бил изгласан.
Скопје, 11 септември 2026 (МИА) - Стојано Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, кој на редовна седница на Извршниот комитет на партијата попладнево едногласно бил изгласан.
Од партијата соопштуваат дека тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.
-Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница! - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. фф/лв/
Фото: Принтскрин од Фејсбук на Драган Ковачки