Кандидатите за градоначалници на Крива Паланка потпишаа кодекс за фер и демократски избори
- Претседателката на општинската изборна комисија Крива Паланка, Моника Костовска, го прочита кодексот што го потпишуваат со кој учесниците во во изборите учествуваат во исполнувањето на фундаменталните демократски вредности, обврзувајќи се дека ќе ги почитуваат сите релевантни закони и прописи, без да користат говор на омраза.
Крива Паланка, 27 септември 2025 (МИА) - Двајцата кандидати за градоначалник на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски од СДСМ и Оливер Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ денес го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.
Претседателката на општинската изборна комисија Крива Паланка, Моника Костовска, го прочита кодексот што го потпишуваат со кој учесниците во во изборите учествуваат во исполнувањето на фундаменталните демократски вредности, обврзувајќи се дека ќе ги почитуваат сите релевантни закони и прописи, без да користат говор на омраза.
Алексовски рече дека Кодексот за фер и демократски избори не е само документ, туку става потпис на вредности, на чесност, почит и верба дека политиката може да биде подобра.
-Јас верувам во кампања со идеи, а не со навреди. Во дијалог, а не во поделби. Во тоа дека секој граѓанин заслужува да одлучи слободно и без притисоци.Ова не е само изборна трка, ова е борба за доверба. И јас сум тука да покажам дека може и поинаку, од срце, чесно и со чиста намера, рече Алексовски.
Митовски истакна дека кампањата ќе биде соочување на концепти и идеи за подобро утре на граѓаните на Крива Паланка.
-Верувам дека кампањата ќе биде соочување на концепти и идеи за доброто на граѓаните, на визијата за Крива Паланка каде ја гледаме,развиена и подобра за сите граѓани. Посакувам успешна работа и на избитачката комисија и верувам дека победници на изборите ќе бидат граѓаните, рече Митовски.
Во трката за градоначалник на Крива Паланка на изборите на 19 октомври учествуваат двајцата кандидати, Оливер Алексовски од ВМРО ДПМНЕ и Сашко Митовски од СДСМ, додека има утврдени и пет кандидатски листи за советници од: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Левица и Коалиција „Искуство за успех“. ид/нд/
Фото: МИА