• сабота, 10 август 2024

Канаѓаните најбрзи во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Париз

Канаѓаните најбрзи во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Париз

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Канадските спринтери во атлетика освоија златен медал во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри 2024. Тие победија со резултат е 37,50 секунди.

Тркачите од репрезентацијата на Јужна Африка завршија на второто место (37,57 секунди). 

На третото место се најдоа Британците (37,61). 

Тимот на САД кој важеше за прв фаворит направи грешка при минувањето на палката по првата етапа и покажа само 7-ми резултат. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан