• вторник, 23 април 2024

Канадскиот премиер Џастин Трудо го посети Киев за да ја изрази својата поддршка за Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо го посети Киев за да ја изрази својата поддршка за Украина

Киев, 10 јуни 2023 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска го посети Киев во знак на поддршка додека украинските сили се подготвуваат за голема контраофанзива против Русија и се борат со секојдневни воздушни напади, пренесоа британските медиуми.

Трудо се поклони пред споменикот на загинатите украински борци во центарот на Киев.

Канада, како членка на НАТО, е средина на една од најголемите украински заедници во светот, и земјата обезбедува воена и финансиска помош за Украина уште од почетокот на инвазијата што ја започна Русија во февруари 2022 година.

Посетата на Трудо на Киев доаѓа по ноќните руски ракетни напади и напади со беспилотни летала врз Одеса, Полтавската област и Харков.сд/

фото: Твитер профил на канадскиот премиер

Остани поврзан