• недела, 22 декември 2024

Канадскиот премиер останува во самоизолација

Канадскиот премиер останува во самоизолација
Торонто, 29 март 2020 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека ќе остане во самоизолација, иако неговата сопруга Софи се излекува од коронавирусот. Трудо рече дека засега ќе остане внимателен, во изолација, бидејќи бил во иста куќа со некој кој бил позитивен на вирусот. Тој додаде дека сопругата ги однела нивните три деца во летната резиденција на езерото Херингтон во Квебек. Софи Трудо на 12 март беше позитивна за вирусот, откако доби симптоми по враќање од Лондон. Премиерот на Канада и неговото семејство оттогаш беа во изолација дома, но Трудо и нивните три деца не покажале симптоми. паг/

Остани поврзан