• петок, 23 август 2024

Канадскиот премиер вели дека е неопходно итно решение за блокадата на железницата

Канадскиот премиер вели дека е неопходно итно решение за блокадата на железницата

Tоронто, 23 август 2024 (МИА) - Канадската влада ќе објави што е можно поскоро намера како да го реши прекинот на товарниот железнички сообраќај низ целата земја, изјави премиерот Џастин Трудо.

Две од големите канадски железнички компании вчера ја прекинаа работата поради спор со договор со нивните работници. Тоа предизвика невидена истовремена железничка блокада што може да предизвика економска штета од милијарди долари и да ги разниша северноамериканските синџири на снабдување.

И Трудо рече дека прекинот наскоро ќе доведе до последици низ целата земја.

„Наскоро ќе можеме да кажеме повеќе за она што го правиме за да се увериме дека брзо ќе го најдеме вистинското решение за нашата економија“, рече премиерот, но не прецизираше ништо.

Двете најголеми канадски железнички компании („Canadian National Railway“ и „Canadian Pacific Kansas City“) и синдикатот кој обединува повеќе од 9.000 работници од тие компании, меѓусебно се обвинуваат за прекинот на работата откако во неколку рунди преговори не успеаја да постигнат договор.

Деловните групи претходно рекоа дека сакаат владата да наметне обврзувачка арбитража за синдикатот и компаниите.

 

Железничките компании велат дека биле принудени на блокади за да избегнат штрајкови на краток рок, бидејќи тоа им дало време однапред да ги известат клиентите да го пренасочат товарот, да обезбедат етапно исклучување на мрежата и да се погрижат опасните материи да не завршат во ризични ситуации.зш/

Остани поврзан