• петок, 22 ноември 2024

Канаваро: Работам напорно, за еден ден да водам тим како Реал Мадрид

Канаваро: Работам напорно, за еден ден да водам тим како Реал Мадрид
Мадрид, 29 април 2020 (МИА) - Носителот на „Златна топка“ во 2006 година, Фабио Канаваро има амбиција да се искачува нагоре во својата тренерска кариера. Сега италијанскиот стратег го води кинески Гуангжу Евергранд. - Работам напорно за да водам тим како Реал Мадрид еден ден. Човек мора да цели високо. На врвот се Реал Мадрид, италијанската репрезентација или некој голем европски гигант, рече легендарниот дефанзивец во интервју за порталот „Мадридиста Реал“. Фабио има 94 настапи за „лос бланкос“ меѓу 2006 и 2009 година. На прашањето „Дали ќе се видиме наскоро на Бернабеу“ тој одговори: „Да, се надевам, затоа што мојот сон е како тренер да се вратам таму. Ова е прекрасно место за мене“. Канаваро е воодушевен од успехот на актуелниот тренер на Реал - Зинедин Зидан. - Тој направи нешто што никој друг во светот на фудбалот не го стори - освојување на Лигата на шампионите трипати по ред. Тоа е многу, многу тешко, вели Канаваро. Фабио е категоричен дека не се залага на одбранбен фудбал: „Јас сум тренер кој учи да се игра фудбал. Јас сум тренер кој сака фудбалерите да играат фудбал“.

Тагови

Остани поврзан