• петок, 28 јуни 2024

Камион со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Камион со марихуана запленет на ГП „Богородица“
Скопје, 6 март 2021 (МИА) - Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат за утре. Во Гевгелија денеска се одвива и друга акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица. мд/сст/

Остани поврзан