Камион повторно пропадна на плоштадот „Македонија“
- Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Се работи за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.

Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.
Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.

Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред неколку месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Градски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“. мд/са/
Фото: МИА