• понеделник, 23 декември 2024

Камерон: Незамисливи размери на страдање во Газа, потребна е поголема помош

Камерон: Незамисливи размери на страдање во Газа, потребна е поголема помош

Тел Авив, 25 јануари 2025 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон му порача на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека повеќе камиони со помош мора да влезат во Газа и дека е потребен итен хуманитарен прекин на огнот за да им се помогне на оние кои се заробени во „очајна ситуација“.

Камерон, кој е во посета на Блискиот Исток и кој имаше одделни средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопшти дека Велика Британија и Катар работат заедно за да добијат поголема помош за Газа, при што првата заедничка пратка шатори веќе е испорачана во Египет.

„Размерите на страдањата во Газа се незамисливи. Мора да се направи повеќе, побрзо, за да им се помогне на луѓето заробени во оваа очајна ситуација“, потенцираше Камерон.

„Тројно ја зголемивме нашата помош за Газа, но нашите напори ќе направат разлика само ако помошта стигне до оние на кои им е најпотребна“, посочи Камерон.

„Како што му реков на премиерот Нетанјаху, ни требаат уште многу камиони да влезат во Газа и да се отворат повеќе премини. Ни треба итна хуманитарна пауза за да добиеме помош и да ги извлечеме заложниците, по што ќе следи одржлив прекин на огнот“, додаде шефот на британската дипломатија.

Камерон побарал од израелските лидери пристаништето Ашдод да се користи за испорака на помош во Газа, соопшти неговиот кабинет. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан