• среда, 08 мај 2024

Камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано" во Делчево

Камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано

Делчево, 22 јуни 2023 (МИА) - Камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано" во изведба на Иле Колев и Ангеле Михајловски се одржа вечерва во Делчево.

На концертот беа изведени музички изведби од различни епохи до современа музика на кларинет и пијано.

- Свиревме Кончертино од Вебер, Балада од Перминов, потоа Соната од Камиј Сен Санс, за да завршиме со концертно соло од Муке, рече професорот по пијано Ангеле Михајловски и нагласи дека му е чест што заедно со Иле Колев, кој е редовен професор на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов" и со кој свиреле веќе три години, се претставија пред делчевската публика.

Концертот го организираше Центарот за култура ,,Н.Ј.Вапцаров" чиј уметнички директор Методи Толевски истакна дека е последен концерт пред почетокот на Делчевско културно лето 2023.

-Планирани се уште многу концерти, но следува период на летни одмори, а за секој следен настан во рамки на културното лето во Делчево, граѓаните благовремено ќе бидат информирани, рече Толевски.

Вечерашиот концерт е дел од годишната програма на делчевската културна установа поддржана од Министерството за култура. вс/сан/

Фото: МИА

Остани поврзан