• петок, 02 август 2024

Каменичките пожарникари ќе добијат донација од противпожарно возило од ,,Операција Флоријан"

Каменичките пожарникари ќе добијат донација од противпожарно возило од ,,Операција Флоријан
 Македонска Каменица, 16 ноември 2021 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од М.Каменица ќе добие специјално Противпожарно возило од Обединетото Кралство. Донацијата како што информираа од ТППЕ се реализира преку таканаречениот проект ,,Операција Флоријан". -Она што беше потврдено од Обединетото Кралство веќе се реализира. Возилото е на пат кон Македонија и истото се очекува да пристигне за ден-два. Се работи за донација од специјално противпожарно возило ,,Денис" кое ќе биде наменето за интервенции во урбана средина, со една цел, арсенал од дополнителна ПП опрема, истакнаа од ТППЕ М.Каменица. Заедно со возилото, како што додадоа ќе пристигнат инструктори за вршење обука која според планираното ќе се реализира по пристигнувањето во М.Каменица. Ова не е прва донација од Операција Флоријан за Територијалните противпожарни единвозилаици од Пијанечко-Малешевскиот регион. Пред 10 години слично возило со комплетна опрема за интервенции во урбана средина доби и Територијалната противпожарна единица од Делчево.вс/свс/

Остани поврзан