• среда, 10 јули 2024

Калуѓерка од САД проневерила над 800.000 долари

Калуѓерка од САД проневерила над 800.000 долари
Лос Анџелес, 8 февруари 2022 (МИА) - Калуѓерка од сестринскиот ред на Свети Јосиф од Карондел, која беше и директорка на католичко училиште во Калифорнија, е осудена на една година затвор поради финансиска злоупотреба. Американската калуѓерка Мери Маргарет Кропер пренасочила повеќе од 800.000 долари од касата на приватното католичко училиште во Торанс, јужно од Лос Анџелес. Со овие пари играла во казино и ги користела на скапи одмори. Одбраната на обвинетата се изјасни дека сестрата Мери била зависна од коцкање. И кога Надбискупијата во Лос Анџелес побарала образложение од сестрата, таа рекла дека, бидејќи свештениците се подобро платени од калуѓерките, таа требало да добие повишување.  си/

Остани поврзан