Калил ал Хаја: Американските планови за Појасот Газа се осудени на неуспех
- Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Калил ал Хаја, денеска изјави дека плановите на САД и американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа се „осудени на неуспех“.
![Калил ал Хаја: Американските планови за Појасот Газа се осудени на неуспех](https://mia.mk/images/20250210112556_big_730x400_69.webp )
Гaза, 10 февруари 2025 (МИА) - Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Калил ал Хаја, денеска изјави дека плановите на САД и американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа се „осудени на неуспех“.
„Ќе ги уништиме како што ги урнавме сите нивни претходни проекти“, рече Ал-Хаја за време на церемонијата по повод 46-годишнината од иранската револуција во Техеран.
Трамп во неделата потврди дека е посветен на планот за купување на Појасот Газа, но дека може да дозволи делови од воено разурнатиот регион да бидат обновени од други земји од Блискиот Исток. паг/
Фото: ЕПА