• недела, 22 декември 2024

Калас: На Русите и Белорусите треба да им се забрани учество на сите спортски настани

Калас: На Русите и Белорусите треба да им се забрани учество на сите спортски настани

Талин, 23 јули 2023 (МИА) - Премиерката на Естонија Каја Калас денеска изјави дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се забрани учество на сите меѓународни спортски настани, додека продолжува руската агресија против Украина.

Калас смета дека оваа забрана треба да важи и за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

„Важно е да се задржи забраната за учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани - дури и под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таквата забрана мора да трае сè додека продолжува руската агресија против Украина“, напиша премиерката на Естонија на Твитер. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан