• четврток, 12 јуни 2025

Калас: ЕУ финансиски ќе го помогне опстанокот на Радио слободна Европа

Калас: ЕУ финансиски ќе го помогне опстанокот на Радио слободна Европа

Брисел, 21 мај 2025 (МИА) – Високата претставничка за надворешна политика Каја Калас најави дека Европска Унија подготвува договор во висина од 5,5 милиони евра со Европската фондација за демократија со цел да се поддржи работата на Радио слободна Европа.

- Тоа е краткорочно, итно финансирање наменето за безбедносната мрежа на независното новинарство, посочи Калас по синоќешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Брисел одлучи да му помогне на Радио Слободна Европа откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги запре грантовите за продемократските медиуми, обвинувајќи ги дека промовираат либерално пристрасна агенда.

Калас наведе дела ЕУ не може да ја пополни празнината во финансирањето на радиото низ целиот свет, но дека сака да му помогне на медиумот „да работи и да функционира во оние земји што се во соседството (на ЕУ) и кои во голема мера зависат од вести што доаѓаат однадвор“.

Корпоративното седиште на Радио Слободна Европа е во Вашингтон, а новинарското седиште е во Чешка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан