Каи Хаверц нема да игра за Арсенал до крајот на сезоната поради повреда
- Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда, пренесе „Атлетик“.
![Каи Хаверц нема да игра за Арсенал до крајот на сезоната поради повреда](https://mia.mk/images/20250212175557_big_730x400_22.webp )
Лондон, 12 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда, пренесе „Атлетик“.
На 25-годишниот Германец му била дијагностицирана руптура на тетивата. Повредата ја заработи на тренинг во кампот на „топџиите“ во Дубаи.
Не се знае дали играчот ќе има потреба од операција, но се очекува тој да може да се врати на терените дури следната сезона.
Оваа сезона Хаверц одигра 34 натпревари за тимот од Лондон во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и 5 асистенции. дс
Фото: Архива