Казни за 67 мотоциклисти на територија на СВР Тетово
- Полициски службеници на СВР Тетово, денеска од 12 до 18 часот, спроведоа засилена акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, при што изречени се вкупно 67 прекршоци, од кои 47
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, денеска од 12 до 18 часот, спроведоа засилена акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, при што изречени се вкупно казни за 67 прекршоци, од кои 47 во Тетово и 20 во Гостивар.
-Најголемиот број од прекршоците - 45 се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, и тоа 32 во Тетово и 13 во Гостивар и на управување без возачка дозвола, 8 во Тетово и 4 во Гостивар. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека оние без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај. Ваквите контроли засилено ќе продолжат и во наредниот период, се наведува во соопштението од МВР.
СВР Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да ја користат пропишаната заштитна опрема, со напомена дека паричната глоба за некористење кациги изнесува 50 евра во денарска противредност. Се апелира, исто така, да не се управува мотоцикл без положен возачки испит и валидна дозвола, а законски предвидената глоба за овој прекршок изнесува 250 евра и исто толку за сопствениците на мотоциклите кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат дозволи. дма/сст/