• недела, 22 декември 2024

Казни за 18 возачи за непрописно вградени фолии

Казни за 18 возачи за непрописно вградени фолии
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи од 1 до 7 август 2022 година спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата, како што соопшти денеска МВР, санкционирани се 18 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сп/

Остани поврзан