• петок, 22 ноември 2024

Казни за 104 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Казни за 104 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Во периодот од 17.10.2022 до 23.10.2022 година спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 104 возачи. Од нив, соопштија денеска од МВР, 50 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Остани поврзан