Казни за 24 возачи кои возеле над 50 километри на час над дозволеното на подрачјето на СВР Тетово
- При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијата изрекла 39 казни, од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час.

Тетово, 25 август 2021 (МИА) – При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијата изрекла 39 казни, од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час.
- Тројца од вкупно 39 казнети возеле со дури над 70 километри на час над дозволеното. Уште еднаш апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата во Полог и пошироко, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. ас/цр