• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 60 возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден

Казнети 60 возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Во рамки на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во Град Скопје синоќа, од 19:00 до 00:00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Од контролирани 90 мотоцикли и мотори, санкционирани се 60 возачи.

Како што соопшти МВР, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава...

- Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан