• петок, 22 ноември 2024

Казнети 266 возачи за брзо возење

Казнети 266 возачи за брзо возење
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) санкционира 266 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената во вчерашната засилена акциска контрола на територијата на целата држава. Од нив 10 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три со дури над 70 километри на час. Притоа, како што информира МВР,  157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. вј/сп/

Остани поврзан