• петок, 22 ноември 2024

Казнети 263 возачи за брзо возење

Казнети 263 возачи за брзо возење
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Вкупно 263 возачи се казнети за брзо возење во засилената акциска контрола што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, како што информира МВР, девет се движеле со брзина над 50 километри на час, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 142 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. вј/сп/

Остани поврзан