• недела, 22 декември 2024

Казнети 18 возачи кои управувале возило за време на забрана за возење на подрачје на СВР Битола

Казнети 18 возачи кои управувале возило за време на забрана за возење на подрачје на СВР Битола
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - СВР Битола, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и криминалистичката полиција при СВР Битола денеска во периодот од 14.00 до 18.00 часот спроведе регионална акциска контрола за управување на моторни возила за време на активна забрана за управување или кога забраната не е запишана во возачката дозвола, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР додадоа дека акциската контрола се спровела на подрачјето на Битола, Демир Хисар и Ресен при што беа констатирани 18 прекршоци од страна на возачите по однос на акциската, од кои пет бесправно управувале со моторно возило, 10 мерки со забрана која не е запишана во возачката дозвола, констатирано едно кривично дело по чл. 380 од Кривичниот законик, односно употреба на исправа со невистинита содржина, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и три останати прекршоци. Притоа, 12 возачи биле исклучени од сообраќај, а на 10 возачи им биле одземени возачките дозволи.см/са/

Остани поврзан