• понеделник, 20 мај 2024

Казинс навестува можно враќање во Сакраменто

Казинс навестува можно враќање во Сакраменто
Сакраменто, 22 септември 2021 (МИА) - Центарот Демаркус Казинс ја смени сликата на својот профил на Твитер, навестувајќи можно враќање во Сакраменто кингс. Казинс ги помина првите седум сезони со Кралевите. Три од неговите четири НБА „Ол стар“ натпревари беа во сезони во кои играше за Сакраменто. Во моментов Казинс е слободен агент. Кошаркарот минатата сезона настапуваше за Лос Анџелес клиперс, со просек од 7,8 поени и 4,5 скока по натпревар. зс/

Остани поврзан