• петок, 22 ноември 2024

Кадиров ги праќа малолетните синови во борбите во Украина

Кадиров ги праќа малолетните синови во борбите во Украина
Грозни, 3 октомври 2022 (МИА) - Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави на Телеграм дека неговите тројца малолетни синови ќе се приклучат на војната во Украина. Ахмат, Ели и Адам, кои имаат 16, 15 и 14 години, наводно ќе се вклучат во борбите во Украина. „Нивната воена обука почна одамна, речиси од мали нозе. И не се шегувам. Дојде време да се покажат во вистинска борба, а нивната желба само ја поздравувам. Наскоро ќе излезат во првиот ред и ќе бидат на најтешките делови од линијата на фронтот“, пишува Кадиров. Лидерот на Чеченија има 14 деца, според неговата официјална страница. Но, дел од медиумите пишуваат дека бројот може да е поголем. бд/ссм/

Остани поврзан