• недела, 18 мај 2025

Кадилак би можел да го објави договорот со Перез за време на ГН на Мајами

Кадилак би можел да го објави договорот со Перез за време на ГН на Мајами

Мајами, 29 април 2025 (МИА) - Мексиканскиот возач Серхио Перез пристигна во Мајами, пренесува порталот „Cadillac F1 Team News“ кој објавува вести за тимот на Кадилак кој ќе се приклучи на Формула 1 во 2026 година.

Според изворот, американскиот тим сака да потпише договор со Перез и моментално преговара со него. Кадилак би можел да објави договор со мексиканскиот возач претстојниот викенд за време на презентацијата во сабота на 3 мај. 

Етапата во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мајами ќе се одржи од 2 до 4 мај.

Перез беше возач во Формула 1 од 2011 до 2024. Покрај Ред Бул, тој возеше и за Заубер, Мекларен, Форс Индија и Рејсинг Поинт.

Во текот на целата своја кариера, Мексиканецот победи на шест трки. Најдобриот резултат на спортистот во поединечна конкуренција беше второто место во сезоната 2023 година.

Во сезоната 2024, Перез заврши осми во Формула 1 поредокот, додека неговиот тимски колега Макс Верстапен стана шампион. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан