• недела, 22 декември 2024

Кавани откри каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер јунајтед

Кавани откри каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер јунајтед
Манчестер, 7 октомври 2020 (МИА) - Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани веќе има јасна идеја каде ќе ја продолжи кариерата по периодот на „Олд Трафорд“. Уругвајскиот напаѓач сака да се приклучи на аргентинскиот колос Бока јуниорс. Кавани призна дека пред да се пресели во Јунајтед, го контактирал претседателот на Бока, Хуан Роман Рикелме, кој го прашал каква е ситуацијата околу него. - Бока е гигант во светскиот фудбал - секој играч сака да игра таму. Некои работи од мојот разговор со Роман ќе останат тајна, но ако сакате да дознаете повеќе, можете да го прашате. Би било убаво да играм за Бока еден ден. Имам двегодишен договор со Јунајтед, ќе видиме што ќе се случи, рече Кавани.

Тагови

Остани поврзан