Кавадарчанец пријавил физички напад од сопругата
- Кавадарчанец во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 1 мај 2025 (МИА) - Кавадарчанец во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 13 часот во ОВР - Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека на 19 април, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 39-годишна сопруга, појаснуваат од СВР - Велес.
Како што истакнуваат оттаму, се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/дма/
Фото: МИА архива