Кавадарчанец на автопатот „Пријателство“ возел 217 километри на час
- Од СВР Струмица соопштија дека вчера 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници го уапсиле Д.Д.(25) од Кавадарци, кој, при контрола со радар, управувал автомобил „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри.
Струмица, 2 септември 2025 (МИА) - Од СВР Струмица соопштија дека вчера 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници го уапсиле Д.Д.(25) од Кавадарци, кој, при контрола со радар, управувал автомобил „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри.
Во соопштението се додава дека за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.рт/
Фото: МИА архива