Кавадарци ќе добие дом за стари лица
- Кавадарци ќе добие дом за стари лица. Наскоро се очекува да започне неговата изградба.
Кавадарци, 30 мај 2025 (МИА) - Кавадарци ќе добие дом за стари лица. Наскоро се очекува да започне неговата изградба.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев најави дека нема пречки за изградбата на домот за стари лица и се очекува да биде со сите стандарди
- Пречки нема. Имаше усогласување во делот со претходната гарнинтура на Министерството, го ставивме заеднички, односно го ставија во Програма на наша иницијатива дека ќе се отпочне во 25-та да се граде домот, со средства во 10 отсто од вкупната сума, затоа што немаше одреден претходно буџет. Се ребалансира 24-та према 25-та 157 милиона денари со ревидирање на пресметките, со стандарди на домот и со сите други пропратни елементи коишто треба да ги содржи домот, појасни градоначалникот.
Тој подвлеле дека седствата се одвоени, ставени во буџет.
- Не подоцна од крај на јуни ќе ставиме камен темелник или некаде средина на јули, на самиот дом за стари лица, рече Јанчев. свд/фф/
Фото: МИА архива