• петок, 05 декември 2025

Кавадарци со повик за предлог проекти од приоритетни области

Кавадарци со повик за предлог проекти од приоритетни области

Кавадарци, 8 мај 2025 (МИА) - Општина Кавадарци денеска објави јавен повик за предлог проекти од приоритетни области, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Се работи за предлог проекти по приоритетните области како родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Појаснија дека станува збор за општинската програма за поддршка на локален економски развој, од буџетот на Општина Кавадарци за 2025 година. свд/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан