• недела, 22 декември 2024

Кавадарци повторно го организира настанот „Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ“

Кавадарци повторно го организира настанот „Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ“

Кавадарци, 6 декември 2024 (МИА) - Кавадарци повторно го организира настанот „Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ“, денеска на градскиот плоштад се дели оброк. 

- Со задоволство можеме да кажеме дека трета година по ред, во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании, организира заеднички ручек на градскиот плоштад  од 10 до 14 часот, со кој сакаме на сите граѓани да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, веруваме дека настанот ќе стане традиционален. Идејата е на еден од најдобрите готвачи, шеф Горан Филипов, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија,  се потрудија да ја реализираат идејата и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, нагласија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Оттаму изразија благодарност до компаниите што го поддржуваат овој настан. свд/аа/

Фото : МИА 

Остани поврзан