• сабота, 29 август 2026

Кавадарци побогат за шеесетина ликовни дела создадени на 30. меѓународната ликовна колонија ,,Михајлово 2026" 

Кавадарци побогат за шеесетина ликовни дела создадени на 30. меѓународната ликовна колонија ,,Михајлово 2026

Кавадарци, 28 август 2026 (МИА) - Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2026" што годинава се одржа по јубилеен 30-пат, беше затворена вечерва во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа. 

- Станува збор за една од најубавите и најдобрите ликовни колонии што се случуваат на Балканот, можеби и во Европа. Оваа година често беше голема затоа што дојдоа повеќе од 30 автори од земјава и странство. Со себе понесоа голем дух, своето духовно творештво на платната и ги оставија своите чувства, така што градот Кавадарци е побогат со шеесетина ликовни дела што се создадени на оваа ликовна колонија - рече кураторот и организатор, ликовниот уметник Владимир Темков. 

Тој се заблагодари на сите општествени одговорни субјекти, кои со години даваат придонес за реализацијата на колонијата. 

Благодарност упати и до ликовните уметници кои твореа инспиририрани од убавините на регионот, на кои им беа доделени сертификати. 

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. свд/лв/

Фото: МИА