Детски театарски мјузикл „Трите прасиња“ вечерва на „Велешко лето 2026“
- Вечерва во 20 часот на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес ќе биде изведена детската претстава мјузикл „Трите прасиња“.
Велес, 27 август 2026 (МИА) - Вечерва во 20 часот на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес ќе биде изведена детската претстава мјузикл „Трите прасиња“.
Од Општина Велес, потенцираат дека вечерва најмладите ги очекува мјузиклот „Трите музички прасиња“ – приказна исполнета со музика, забава и многу детски насмевки.
Оваа детска претстава мјузикл е во рамките на програмата на „Велешко лето 2026“. ад/сст/
Фото постер