• петок, 28 август 2026

Аудиовизуелниот есеј „Над сè“ на шпанската уметница Енар де Диос Родригез во студиото Приватен принт

Аудиовизуелниот есеј „Над сè“ на шпанската уметница Енар де Диос Родригез во студиото Приватен принт

Скопје, 28 август 2026 (МИА) - Во студиото Приватен принт во Скопје со почеток во 20 часот е закажано отворањето на „Над сè“, аудиовизуелен есеј и просторна инсталација на шпанската уметница Енар де Диос Родригез.

Поставката ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу уметницата и Софија Григоријаду, уметница, антропологина, кураторка и едукаторка од Атина и Скопје.

Изложбата ќе може да се погледне до 19 септември, од среда до петок, од 13 до 18 часот или со најава.

Енар де Диос Родригез е визуелна уметница од Шпанија со седиште во Виена, Австрија, чија практика ги истражува пресеците на економските, социополитичките, историските и еколошките сили. Работејќи преку видео, фотографија и инсталација, таа ги истражува начините на кои териториите се произведуваат, контролираат и трансформираат, привлекувајќи внимание кон инфраструктурите и технологиите што го обликуваат современиот живот. Во 2024 година, заедно со Андреа Стивс, таа е коавтор на книгата „Let It Return“, објавена од Приватен принт.

„Светло минато е пред нас“ (A Bright Past Is Ahead of Us), издание 2026, е кофинансирано од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија и Амбасадата на Шпанија во Македонија.

Програмата „Разговори со уметници“ е курирана од Јана Старделова и организирана во соработка со Tiiiit! Inc. Skopje, а поддржана од Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Шведска во Македонија. нд/

Фото: Плакат