• сабота, 29 јуни 2024

Кавадарци го одбележува утрешниот Ден на театарот

Кавадарци го одбележува утрешниот Ден на театарот
Кавадарци, 26 март 2021 (МИА) - Кавадарци го одбележува утрешниот светски Ден на театарот, на денешната прес - конференција, директорката на Домот на културата ,,Иван Мазов-Климе”, Јулијана Туриманџова информираше за културните настани што се организираат,  со почитување на превентивните мерки за заштита од Ковид-19. Таа ја најави утрешната театарска претстава „Не се клади на енглези” и соопшти дека со поддршка од Министерството за култура, се подготвува театарската претстава ,,Тетовирани души”. Александар Малинков, режисер на ,,Тетовирани души” од Горан Стефановски, се осврна на активностите околу премиерата и ја пренесе светската порака по повод Денот на театарот, од актерката Хелен Мирен од Велика Британија и превод на македонски јазик од д-р Иванка Апостолова Баскар. Режисерот на ,,Не се клади на енглези”, Диме Коцевски ја пренесе македонската порака по повод денот на театарот, напишана од Сузан Акбелге, актерка при Н.У. Турска драма Скопје. - Во далечната 1606 година, кога во Лондон за време на големата чума театрите биле повеќе затворени отколку отворени, Вилијам Шекспир во самоизолација, ги создал двете култни драми ,,Кралот Лир” и ,,Магбет”. Актерите ги напуштале големите градови, додека претставите се изведувале на отворено во помалите места, стои меѓу другото во македонската порака. За претстојната детска претстава чија премиера е на втори април, говореше Микица Илова, која ја има режисерската позиција. свд/цр  

Остани поврзан